Шефот на грчката дипломатија во својство на претседавач на Советот на министрите н ЕУ по денешните разговри во Скопје изрази подогтевност за директни средби меѓу претсавици на девет влади за да се надмине спорот со името.
Подготвен сум да го поканам министерот Никола Попоски во Солун на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од регионот која ќе се одржи во април. Можеби по состанокот ќе имаме можност да договориме билатерална средба која би можеле да се одржи или во Атина или во Скопје изјави Венизелос.
На прашање – дали по разговорите со премиерот Никола Груевски, тој е поголем оптимист дека преговорите околу името ќе се интензивираат, Венизелос одговори потврдно:
После денешната посета имам впечаток дека владата во Скопје, како и локалната заедница и граѓанскиот сектор се подготвени да учествуваат во дијалогот не само за прашањето за името туку и за останатите аспекти во односите со Грција, оти Грција е врата за оваа земја до европската перспектива, рече Венизелос.




