Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венизелос: Проблемот на Македонија со Бугарија е поголем од оној со името

0
By Нова ТВ on January 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2014 12:42

Францускиот сенат го објави записникот од средбата со заменик-претседателот на грчката влада и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, кој пред комисијата за надворешни работи и одбрана на горниот дом на францускиот парламент, зад затвотени врати, ги претстави пред една недела приоритетите на грчкото претседателство со Европската унија.

Според Венизелос во зоната на Западен Балкан, грчката политика е јасна:
„Ние се залагаме за европска и атлантска перспектива на сите земји од регионот“, рекол Венизелос, јавува Дојче Веле.

Што се однесува до Македонија, грчкиот шеф на дипломатијата пред француските сенатори нагласил дека „Грција е подготвена да прифати компромис“.

„Грција е првиот инвеститор во Скопје, кој е исто така нашиот прв туристички пазар. Значи, ние можеме да ја приближиме оваа земја до перспективите за членство во Европската унија и НАТО“.

Запрашан од сенаторот Емери де Монтескио, за тоа какви се односите на Грција со Македонија и дали во Македонија се зборува грчки, Венизелос со одговор:

„Со ПЈРМ треба да се најде компромис за деноминацијата на земјата, бидејќи повеќе територии го носат веќе ова име: Централна Македонија со Солун како престолнина, од каде јас сум пратениик веќе 25 години, западна македонија, бугарска Македонија, албанска Македонија. Ние предлагаме еден дефинитивен компромис, кој се однесува на името, за секоја употреба (ерга омнес).“

Во вториот дел на одговорот на прашањето на францускиот сенатор, Венизелос оценува дека „големиот проблем на оваа земја се односите меѓу етничките заедници“.

„Албанската заедница е значајна, 35% се луѓе со албански јазик“, изјавува шефот на грчката дипломатија и претседавач со ЕУ, кој потоа се претвора во лингвист и дава дефиниција на македонскиот јазик.

„Го има исто така и псевдо-македонскио јазик, кој според бугарската влада и бугарската научна заедница, е бугарски јазик.“

Другиот проблем, според Евангелос Венизелос е „идеолошкиот“: „Има еден идеолошки проблем за вештачкиот национален иденитет, меѓу Скопје и Софија.“

Притоа заменик премиерот на грчката влада пред француските сенатори нагласува дека проблемот кој Грција го има со Македонија е многу помал од тој кој што Македонија го има со Бугарија.

„Нашиот проблем околу името е мал во споредба со големите јазични и историски прашања меѓу словенските малцинства. Никој не зборува грчки во ПЈРМ“.

На крајот од својот одговор во однос на својот северен сосед, Венизелос открива дека грчките позиции и тие на албанската заедница во Македонија со согласуваат.

„Албанската заедница е целосно отворена, таа се согласува со нас за името, понезначајно прашање во однос на идеолошкиот и историскиот проблем“, рече Венизлеос пред францускиот Сенат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.