„Проблемот со името не е билатерален проблем, тој е меѓународен проблем. Дијалогот, преговорите, услугите на посредник Нимиц се втемелени врз две резолуции на ООН и на фундаменталниот принцип на европските придобивки, на европското право, односно на принципот на почитување на резолуциите на ООН“, реагираше министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос на заблешката на европратениците.
Според него констатацијата дека постои билатерален проблем меѓу Македонија и Грција во однос на името „не е точна“.
„Не е прашањето со името тоа кое создава пречка за евроинтгерацијата и отворање на процедурата за почеток на преговорите. Проблемот е реализијата и почитувањето на општите критериуми кои треба да ги почитуваат сите земји кандидати и тоа што важи за сите земји кандидати, важи и за ПЈРМ“, рече тој.
Според Венизелос зад спорот со името се кријат други проблеми: „Почитувањето на меѓународното право, регионалната стабилност, иредентизмот – кој го кажува или го крие своето име, како и добрососедските односи“, истакна Венизелос.




