На денешната меѓународна конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, беше посочено дека социјалдемократите и прогресивците од регионот мора заеднички да одговорат на борбата против корупцијата и авторитарните режими, како и на потребата од интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
Во воведното обраќање претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, истакна дека европската интеграција се соочува со сериозни предизвици и отпор од антиевропски структури.
„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција. Успешната интеграција значително би ги ограничила сивите зони во кои тие денес функционираат. Повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребна силна прогресивна коалиција – коалиција на социјалдемократски партии, прогресивни организации и поединци кои се подготвени да му се спротивстават на овој регрес“, рече Филипче.
Даша Шашиќ Шиловиќ од Корчуланската висока политичка школа, посочи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со сериозни предизвици на кои прогресивните сили мора обединето да одговорат.
„Се соочуваме и со корупцијата, но и со економските проблеми што ќе нè следат во иднина поради авторитарните режими што ги имаме денес. Некој еден ден ќе мора да ја плати сметката. За жал, најверојатно тоа ќе бидат помладите генерации. Друг проблем со кој се соочуваме, е одливот на мозоци. Како да им пристапиме на младите во регионот за да го спречиме овој процес? Повторно, мислам дека тоа мора да се направи на поиновативен начин. Мора да размислуваме надвор од вообичаените рамки. Токму затоа оваа можност и соработката меѓу сите нас може да стане простор и пат за такво размислување.“ рече Шашиќ.
Во однос на европската интеграција на Западен Балкан, Шашиќ Шиловиќ посочи дека европската перспектива на регионот е важна за Европската Унија и дека Западниот Балкан не е товар за ЕУ туку предност.
„Западниот Балкан не треба да биде и не е товар за Европа. Напротив, Западниот Балкан е и може да биде стратешка предност за Европа. Многу зависи од нас и од нашата отвореност и подготвеност да го покажеме тоа. Затоа европската интеграција не смее да се гледа само како бирократски процес, особено од наша перспектива како социјалдемократи и социјалисти“, рече Шашиќ Шиловиќ.
Воедно Шашиќ Шиловиќ додаде дека интеграцијата во ЕУ има и геополитичко значење, особено во овој период на геополитички преструктурирања.
„Таа мора да се сфати како геополитички императив и како трансформативна сила за регионот и неговите граѓани. Обединета и интегрирана Европа не е опција – таа е неопходност. Особено денес, во овие турбулентни времиња на глобални геополитички преструктурирања. Таа е неопходна за Европа затоа што ѝ носи дополнителна сила, поголема кохезија и поголема глобална релевантност. Ние ги имаме нашите вредности. Имаме визија. Затоа, заедно ја имаме моќта да размислуваме за нашата иднина, за визијата и промените што ги посакуваме за регионот, а со тоа и да придонесеме кон европските процеси. Токму тука треба да лежи нашата сила – во согледувањето на пошироката слика и во придонесот што можеме да го дадеме кон новите усогласувања и преструктурирања што денес ги гледаме и во Европа и во светот“, рече Шашиќ Шиловиќ.
На меѓународната конференција претседателот Филипче, говорејќи за европската интеграција на Македонија, посочи дека државата сега има историска шанса која не смее да ја пропушти и повика на заедничко дејствување и поддршка за продолжување на европскиот пат на државата.
„Немаме друга алтернатива освен да се поддржуваме меѓусебно и да работиме заедно, доколку сакаме нашите држави да останат на патот на прогресот, демократијата и социјалната правда. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација. За некои од нас, процесот на европска интеграција започна пред повеќе од 25 години. Денес тој влегува во нова и одлучувачка фаза, со реална и отворена можност за членство во Европската Унија, по години обележани со стагнација и неисполнети ветувања“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Европската интеграција не е само политика, туку генерациски сон
Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче, во своето обраќање на меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“, порача дека европската интеграција не претставува само политичка или стратешка цел, туку долгогодишен генерациски сон што денес има реална шанса да биде остварен.
„Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација. За некои од нас, процесот на европска интеграција започна пред повеќе од 25 години. Денес тој влегува во нова и одлучувачка фаза, со реална и отворена можност за членство во Европската Унија, по години обележани со стагнација и неисполнети ветувања“, рече Филипче.
Филипче нагласи дека европската иднина е избор што граѓаните и државите од регионот го направиле одамна и кој денес повторно добива можност да биде реализиран.
„Генерацискиот избор што беше направен во секоја држава од нашиот регион денес повторно добива шанса да биде реализиран. И покрај пропуштените можности на двете страни – и во нашите држави и во Европската Унија, како и покрај грешките и погрешните проценки во изминатите децении, нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес“, потенцираше Филипче.
Претседателот на СДСМ во своето обраќање предупреди дека европската интеграција се соочува со сериозни предизвици и отпор од антиевропски структури.
„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција. Успешната интеграција значително би ги ограничила сивите зони во кои тие денес функционираат“, рече Филипче.
Филипче повика на заедничко дејствување и поддршка за продолжување на европскиот пат на државата.
„Немаме друга алтернатива освен да се поддржуваме меѓусебно и да работиме заедно, доколку сакаме нашите држави да останат на патот на прогресот, демократијата и социјалната правда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики.
Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демократијата и европската иднина на регионот.
„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче.
Тој предупреди дека национализмот, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат како заеднички фронт против реформите и европските вредности.
„Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе се здружуваат во своето спротивставување на реформите, демократијата и европската интеграција“, рече Филипче.
Криминалните мрежи и ретроградните политички структури имаат заеднички интерес да го блокираат напредокот на државите од регионот.
„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, нагласи претседателот на СДСМ.
Филипче посочи дека токму затоа е потребна нова форма на регионално поврзување на прогресивните сили преку „Скопската иницијатива“.
„Повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребна силна прогресивна коалиција – коалиција на социјалдемократски партии, прогресивни организации и поединци кои се подготвени да му се спротивстават на овој регрес“, порача тој.
Претседателот на СДСМ нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан се заеднички и бараат заеднички одговор.
„Потребна ни е конкретна акција. Потребна ни е солидарност и меѓусебна поддршка. Потребни ни се заеднички стратегии, споделено знаење и координирани напори“, истакна Филипче.
Тој порача дека прогресивните сили мора да покажат единство и одлучност во спротивставувањето на ретроградните политики во регионот.
„За да ја победиме оваа ‘црна регионална коалиција’, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача Филипче.
На крајот од своето обраќање, тој нагласи дека нема друга алтернатива освен меѓусебна поддршка и заедничко дејствување за зачувување на европскиот пат, демократијата и социјалната правда во регионот.
„Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.
Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција.
„Скопската иницијатива е акција за зајакнување на регионалната соработка меѓу социјалдемократските и прогресивните политички партии во нашиот регион“, истакна Филипче.
Тој оцени дека Западен Балкан се наоѓа во клучен момент кога по долгогодишни застои повторно постои реална можност за членство во Европската Унија.
„Нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација“, рече Филипче.
Во своето обраќање тој предупреди дека европската перспектива на регионот е загрозена од организиран отпор кон реформите и демократијата.
„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, нагласи Филипче.
Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат заеднички против европските вредности и реформските процеси.
„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, истакна Филипче.
Тој посочи и на лицемерието на оние кои јавно настапуваат како противници на европската интеграција, додека својата лична и деловна иднина ја врзуваат токму за земјите членки на Европската Унија.
„Овие самопрогласени патриоти и бранители на националниот идентитет најдобро ја откриваат сопствената хипокризија преку тоа каде ја обезбедуваат својата лична и деловна иднина – најчесто токму во Европската Унија – додека истовремено шират дезинформации за иднината на Европа меѓу своите граѓани“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ предупреди и на подемот на антидемократски движења кои, како што рече, се насочени кон поткопување на темелните прогресивни и антифашистички вредности на современите општества.
Филипче порача дека единствениот одговор на овие предизвици е создавање силна прогресивна коалиција на регионално ниво.
„За да ја победиме оваа црна регионална коалиција, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача претседателот на СДСМ, прогласувајќи ја конференцијата за отворена.




