Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верхофштад: Орбан агресивно ја напаѓа демократијата

0
By Светлана Јовановска on November 29, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 29, 2018 11:32

Виктор, не си многу оригинален. Прво ги копираше политиките на Путин, потоа зеде пари од ЕУ а сега ги крадеш моите идеи за кампања. Ќе треба подобро да работиш до мај 2019 година!

Со оваа остра Твитер порака, лидерот на европските либерали од АЛДЕ групата и екс белгиски премиер Ги Верхофштад, влезе во вербална идеолошка војна со Унгарецот Виктор Орбан. Што е исто така знак дека кампањата за ЕУ изборите во мај идната година е веќе започната.

За волја на вистината, кампањата ја почна Орбан. Унгарија направи видео во кое Верхофштад е обвинет дека сака да донесе во ЕУ мигранти.

Мигранти кои во главата на Орбан и неговата влада се тесно поврзани со терористичките напади. Од друга страна, Верхофштад е убеден дека на ЕУ и се потребни мигранти поради забрзаното стареење на европското население. Тој го обвинува Орбан за “агресивен напад врз либералните демократии”:

– Тој сака да креира илиберална држава а ние, Европјаните, не правиме ништо и не реагираме”, изјави Верхофштад и додаде дека е време да му се каже на Орбан дека тоа нема да го дозволиме.

Потоа, на почетокот на ноември европските либерали ја почнаа кампањата против анти-миграциската и анти-Сорос политика на Орбан. Тие ставија голем постер на еден камион на кој, покрај сликата на Орбан, пишуваше: “Прво ги зеде нашите пари, а сега сака да ја растури Европа.”

Вчера дојде одговорот на Орбан. Во кампања копирана од АЛДЕ, со постер на камион кој деновиве ќе почне да вози низ Брисел, портпаролот на унгарската влада вчера на Твитер напиша:

“Стотици загинаа во терористички напади во Европа од 2015 година. Но, Ги Верхофштад вели дека “Ние нема миграциска криза”. Тој и неговите европски либерали ја туркаат про-миграциската агенда. Тоа е лудо и тоа нема да остане без одговор. Нашата порака стасува наскоро на улиците на Брисел”.

Унгарскиот камион што деновиве треба да стаса во Брисел

Во септември, Европскиот парламент изгласа критички извештај против Унгарија. Во кој стои дека одредени настани во земјата претставуваат закана за основните европски вредности. Независноста на судството и медиумите и академската слобода се под притисок како и правата на малцинствата, мигрантите и бегалците.

Цел на нападите на Орбан е секој што во ЕУ крева глас против неговата политика. Па така и европратеничката од Зелените, Јудит Саргентини, која е и автор на овој извештај на ЕП во кој се бара суспендирање на правото на глас на Унгарија во ЕУ поради прекршување на европските правила, стана цел на силни кампањи на дискредитација во Унгарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.