Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верските молитви ќе бидат колективни внатре во џамиите, со протоколи за дистанца и маски

0
By Менче Атанасова Точи on May 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите џамии во државата ги отвораат своите врати за верниците од 12 мај, одлучи Исламската верска заедница на вонредна седница. Во одлуката која НОВА ја објавува на македонски јазик, стои дека ИВЗ решавала, цитирам „по барањата на 13 те Муфтивста кои се засноваат на барањата на џематите(верниците) загрижени од невнимателните дејности на МПЦ кои ги охрабриле верниците од исламска вероисповед , Ријасетот на ИВЗ на својата вонредна седница да донесе  одлука од вторник, 12 мај, џамиите да бидат во служба на верниците за обавување на колективни верски молитви“

НОВА, разговараше со скопскиот Муфтија Кенан Исмаили, кого го прашавме дали ваквата одлука е поттикната од МПЦ и вчерашниот собир во Струга. Тој беше дециден дека нема такво нештоо, дека нема никаков реваншизам, но потенцира дека на одлуката имале влијание верниците и верските службеници кои биле револтирани од верскиот собир во Струга и од некои случувања за Велигден и барале да се отворат џамиите.

„На оваа одлука влијание имаа многуте јавувања од верниците и верските службеници кои беа револтирани од некои случувања и бараа да се отворат џамиите. Ние почитувавме се како што наложија здравствените власти досега, ги затворивме објектите уште на 17 март, сега барем да ги отвориме во последните 10 дена во месецот на Рамазанските пости. Сите земји ги отворија денес, еве за џума, петочната молитва беа отворени џамиите во Србија и БиХ, но, ние ќе почекаме неколку дена да ги подготвиме верниците“, изјави за НОВА, Кенан Исмаили, скопски Муфтија.

На прашањето на НОВА, што значи колективна молитва и дали ќе се изведува во џамијата внатре или надвор од објектот, тој одговори дека ќе биде внатре, зедничка за верниците, но дека подготвуваат протоколи кои ќе бидат според стандардите во западните земји.

„Молитвите ќе бидат според сите протоколи во западните земји. Ќе бидеме дисциплинирани, ќе ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести, во контакт сме со министерот за здравство и претседателот на Владата, денеска имавме и средба со министерот Филипче“. изјави Исмаили.

До 12 мај верниците имаат четири дена да се подготват за колективните верски молитви во џамиите. Тоа меѓудругото тоа ќе подразбира дистанца помеѓу нив, секој да си носи сопствена простирка од дома и да имаат заштита на носот и устата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.