Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вешти лица за убиството на Денис Тот: Причина за смртта е повреда на почетен дел од рбетниот мозок

0
By Sashko on September 26, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 26, 2022 14:48

Со сведочење на вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, денеска продолжи изведувањето на доказите на обвинението за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

Вештото лице Александар Станков изјави дека повредите кои ги здобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и тие се поврзани со смртниот исход.

– Како причина за смртта наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа критична повреда за настапување на смрт, врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот, е повредата на почетен дел од рбетниот мозок“, појасни тој.

Прашан дали постои причинско-последична врска помеѓу повредите кои ги здобил ракометарот и смртта, тој даде потврден одговор.

Вештото лице Рената Јанкова рече дека некои повреди може да се квалификуваат изолирано, па потоа да се зборува за севкупно дејство на повредите.

„Меѓутоа, ако ги разгледуваме поединечно, на пример една од повредите, да ја земеме повредата која што довела до неконкретна скршеница на носната коска, може да биде телесна повреда, меѓутоа, ако истата таа повреда довела до потрес на мозокот во тешка форма, тогаш е тешка телесна повреда“, рече таа.

Јанкова дополни дека заради севкупната слика од здобиените повреди не може да ги разгледуваат како посебна повреда секоја за себе, меѓутоа, како што рече, со севкупното дејство се квалификуваат како тешка телесна повреда со конкретна опасност по живот.

Јанкова, исто така, одговори дека постои поврзаност помеѓу здобивањето на повредите и смртниот исход.

Вештите лица беа вкрстено испрашани и од одбраната на обвинетите во однос на подробни прашања во врска со наводите од извештаите за вештачење и обдукција.

Обвинетиот Анџело Ѓоргиевски праша дали е утврдено кој удар довел до ротација на главата и повреда на рбетниот мозок.

„Не можеме да го конкретизираме тоа. Ние можеме да знаеме само тоа што ќе го видиме и да ги знаеме механизмите, тоа е во доменот на нашата струка“, одговори вештото лице Јанкова, дополнувајќи дека ако можело да се утврди, вештите лица би се произнеле по тоа.

Одбраната во своите воведни зборови рече дека не смета оти правната квалификација за кривичното дело „убиство“, кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар, е одржлива и дека ќе докажува оти не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

„По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.