Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВЕСТ со роденденска порака:Новинарките во борба против ракот

0
By Нова ТВ on July 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2013 18:48

Во роденденскиот број новинарките на дневниот весник “ВЕСТ” се соблекоа во борбата против ракот.

Со пораката- “Не покажувај ми ги мене, покажи му ги на лекарот”, утрешната роденденска насловна страна со 13 новинарки на “Вест” е повик и апел во борба против ракот.

За 13-ката со личен пример велат дека уште еднаш го потврдуваат она за што зборуваат сиве овие години – дека е добро да ги покажеш гра­ди­те, но подобро е да му ги покажеш на лекарот.

Во уводникот на весникот, помошникот главен уредник Марина Костова пишува:

“Вест” не зборува гласно само за болестите кои ги засегаат жените. Во изминативе 13 години, без страв и срам зборувавме за женската сек­су­ал­ност и ги пробивавме стегите на пуританството и ма­лог­ра­ѓан­шти­на­та.

Но исто толку страсно и без страв, ги разобличувавме и ги кри­ти­ку­вав­ме бруталните антиженски политики на сите наши влади и соб­ра­ни­ски состави, со кои се атакуваше врз женските и човечки права кои се сметаат за цивилизациски придобивки.

“Вест” беше првиот кој во 2005 го крена гласот против обидот породилното боледување да се на­ма­ли на 3 месеци, во 2006 бевме речиси единствените што го осудија ог­ра­ни­чу­ва­ње­то на надоместот за породилно на две просечни нето-пла­ти, во 2008 откривме дека дури и на сопругата на премиерот со ме­се­ци доцни исплатата на породилното, на почетокот на годинава ги от­крив­ме шокантните законски измени, со кои вработените жени со патолошка бременост, место 100 от­сто, добиваат 70 отсто од платата за време на породилното отсуство, а же­ни­те со договор за работа на определено и стечајките остануваат без породилно.

Конечно, минатиот месец бевме единствените кои ги проз­ваа пратеничките и министерките дали ќе гласаат за законот за пре­кин на бременоста, со кој се ограничува правото на абортус, пишува Костова во уводникот на дневниот весник “Вест”, чија насловна е посветена на повикот на борба против ракот на дојка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.