Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вестервеле: Мислете на иднината на земјата

0
By Нова ТВ on February 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 22, 2013 16:54

Апел за надминување на политичката криза во Македонија во петокот од Скопје упати министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле, по средбата со неговиот македонски колега, Никола Попоски.

Како што пренесува Макфакс, Вестервеле побарал од политичките фактори да мислат на иднината на земјата и да покажат подготвеност за компромис, флексибилност и демократска соработка.

„Не сакам да кријам дека ние сме загрижени заради веќе долготрајната внатрешна политичка криза, којашто се одвива овде во Скопје и затоа јас најенергично апелирам да се почитуваат правилата на демократските игри и да се воспостави една сериозна парламентарна работа. Овој апел е упатен до сите, во смисла навистина да се воспостават едни средени односи врз основа на заемната почит меѓу етничките Македонци и Албанци, врз основа на Охридскиот рамковен договор”, изјави Вестервеле.

„Јас апелирам до сите да ја видат целта, да го видат и да го согледаат националниот интерес, да ја осознаат својата сопствена одговорност, да мислат на судбината и на иднината на вашата земја и да покажат доволна мерка на готовност за компромиси, доволна флексибилност за да се вратат кон една средена демократска соработка”, изјави Вестервеле по средбата со Попоски во Скопје.

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле од Тирана допатува денеска во Скопје.

Пред заминувањето од Тирана, Вестервел порача дека „нема играње со границите“. Тој на албанскиот премиер Сали Бериша му порача дека играњето на националистичката карта е неприфатливо.

„Заедничката цел мора да биде државите од регионот еден ден да станат дел од ЕУ. Оттука за нас, менувањето на границите не доаѓа во предвид, ниту тука на Балканот. Границите го губат значењето во Европа“, порача Вестервеле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.