Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ потенцираше дека неодржувањето на Парадата на гордоста не значи и победа за хулиганите против државата, пренесува РТС.
„Хулиганите не ја победија државата. Знаев дека ќе има такви коментари и се прашувам што би било и кој би победил доколку некој загинеше. Донесовме најдобра одлука во интерес на државата, а утре ќе се’ ќе биде поинаку кога ќе има поголема толеранција“, изјави Вучиќ.
Според него се работи за прашањето „која е цената за одржување на Парадата на гордоста“.
„Дали таа цена би била 100 искршени објекти или повредените плицајци и некои од напаѓачите“, прашува Вучиќ и напомена дека никогаш не кажал хомофобични изјави.
Тој додава дека лично никогаш не бил за одржување на настанот.