Во Египет беснее војна. Фотографиите и видео снимкие поставени на Youtube го покажуваат тоа. На едно видео се гледа како е застрелат човек кој носи рането лице и како двајцата паѓаат на земја.
Илјадници поддржувачи на соборениот египетски претседател Мохамед Морси почнаа нови протести во главниот град, Каиро. Се слушаат истрели, а хеликоптери го надлетуваат градот.
После крвавите судири во средата, во кои според официјалните податоци загинале 600 луѓе, а ранети се над 4.000 и вчера беше немирно во Египет. Подржувачите на соборениот од власт претседател Морси убиеле двајца полицајци и упаднале во владината зграда во Каиро.
Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека е дадено одбрение за отворање оган врз демонстрантите кои напаѓаат државни институции или полицајци.
Во истовреме САД најави дека ќе ја преиспита помошта за Египет откако американскиот претседател Барак Обама ги откажа заедничките воени вежби кои требаше да се одржат идниот месец.
SNN објави репортажа од Каиро со наслов „Каиро се претвори во крвава воена зона“. „Никогаш не сум видел олку крв. Само ги носат ранетите, многумина се во доста лоша состојба, најголем број се застрелани“, опишува репотерот на SNN, Реза Сајах.