Published: Tuesday, February 18, 2014 12:33
Ексалираше протестот на стечајците. Откако масата го проби полицискиот кордон пред зградата на Владата неколкумина од нив беа соборени на земја и со лисици на рацете беа внесени во едно полициско комбе.
Според информациите на НОВА од терен во полициското комбе биле внесени активист од левичарскот движење Солидарност Васко Цацаноски и лидерот на стечајците Лилјана Георгиевска, која и покрај тоа што барала од полицијата да ја пуштат за да ги смири стечајците, тие ја ставиле во полициското возило.
По инсистирање на Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет, Георгиевска беше пуштена, по што таа им се обрати на стечајците.
Портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска, за НОВА изјави дека не станува збор за никакво приведување.




