Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Американскиот претседател гледа просперитетна иднина за САД

0
By Нова ТВ on January 21, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 21, 2015 13:16

Со две години преостанати во мандатот, Барак Обама се фокусира на подобрување на животот на средната класа, објавува Гласот на Америка.

„Нашата економија расте и креира работни места со најбрзо темпо од 1999. Невработеноста е пониска од времето пред финансиската криза. Повеќе наши деца дипломираат од кога било порано, повеќе наши луѓе се осигурени од кога било порано. Ослободени сме од зависноста на странска нафта како што не било 30 години“, Рече Обама на самиот почеток.

„Сенката на кризата помина. Нашата Унија е силна“, беше неговата порака до присутните и до гледачите.

Од сите идеи, предлози, програми и примери што претседателот ги даде во неговото шесто обраќање пред овој форум, заеднички именител беше намерата Америка да ја направи подобро место за живеење за средната класа. Како да им се помогне на работничките семејства, да се чувствуваат посигурни во светот на постојани промени, рече тој, ако не преку овозможување на грижа за децата, колеџ, здравствена заштита и пензионирање.

Претседателот побара од Конгресот да му даде авторизација за употреба на сила против Исламската држава. Зборуваше за Русија како стои изолирана, со економија што опаѓа, наспроти Америка обединета со своите сојузници и силна. За потенцијалот на променетата политика спрема Куба. За американската дипломатија што функционира подобро отколку усвоените нови санкции од Конгресот.

Но, дали ваквиот агресивен настап на Претседателот дополнително ќе ја затруе политичката сцена или ќе ги намали шансите да дојде до договор со републиканците за нешто што биде трајно постигнување? Можеби, но може и не, зашто републиканците има веројатност дека ќе сакаат да работат со него – кога е во нивни интерес. Приближувањето на новите претседателски избори во 2016-та се силен мотив за такво нешто.

По традиција, откако претседателот заврши и си го проби патот до излезот, дојде одговорот од Републиканската партија. Но, далеку од традицијата, честа да одговори, овој пат и` беше дадена на сенаторката Џони Ернст, од Ајова, на оваа функција само две недели, која проби и друга бариера – станувајќи и прва жена во оваа улога.

Таа вети дека нејзината партија ќе се бори за укинување на законот за здравствена заштита на претседателот, дека ќе гласа против зголемувањето на даноците предложени од претседателот, против абортусот и за контроверзниот нафтовод, и дека нејзините сопартијци ќе нудат нови идеи за Вашингтон повторно да почне да функционира.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.