Новинар на германскиот весник “Билд” мина по истата скијачка патека каде што се случи несреќата на Михаел Шумахер.
Весникот побара од својот новинар да оди на местото на несреќата и да ја реконститурира спуштањето на скии. Сето тоа беше снимано и видеото можете да го видите овде.
“Билд” исто така одлучи да направи своја истрага и да открие детали.
Според “Билд” Шумахер изнајмил скии истот утро и очигледно една од фиксните затворачи на скиите не функционирал. Потоа Шумахер се обидел да и помогне на ќерката на еден свој пријател токму пред драматичниот пад.
Од видеото може да се види дека навистина несреќата се случила надвор од пистата но и дека Шумахер не скијал вон од пистата. На сликите се гледа трака од повеќе метри на која се гледаат карпи. Токму тука се случил ударот. Но на тоа место минуваат скијачи, прецизира новинарот на “Билд” и вели дека “трагите на скии покажуваат дека и други скијачи тука редовно минуваат”.