Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Бојан Маричиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Блокадата на нашата држава има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

0
By Marta Pesevska on November 29, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Мислам дека национализмот ќе биде присутен во кампањата и веќе е присутен. Според мене, тоа е силен инструмент на слабите политички опции, кои немаат што да понудат и кои се кријат зад националистичката идеја, бидејќи немаат ниту сила, ниту храброст, да им одговорат на сопствените гласачи како ќе ги решат проблемите, како ќе ја решат нашата пречка кон Европската унија која денес може многу едноставно да ја завршиме. Нашата пречка денес е додавање на неколку заедници во Уставот по мерка која веќе ја имаме направена во 2001 година. Зарем навистина за тоа вреди да се блокира нашата иднина?“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричич во интервју за Цивил Медиа.

Тој посочи дека блокадата на нашата држава има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Како и дека тоа треба да се повторува не заради ВМРО-ДПМНЕ, туку заради нас, затоа што целиот свет и цела Европа, за жал, смета дека сега ние сме на потег.

„Имаме предлог што ни го заштити јазикот и идентитетот, имаме предлог што ни ги отвори преговорите. Ние веќе повеќе од една година преговараме и сега сме во една точка кога треба или да продолжиме, или да застанеме. ВМРО-ДПМНЕ во овој момент одлучува дека треба да застанеме.Јас мислам дека има сили и на десната страна од спектарот кои ја сфаќаат сегашната ситуација, кои ќе треба во еден момент да се охрабрат за во интерес на државата конечно да ги потврдиме нашите стратешки приоритети. А национализмот е најголем непријател на нашата стратешка определба за членство во Европска Унија,“рече Маричиќ.

 

Тој истакна дека национализмот секогаш нè дефокусира и од реформите, и од бројните обврски кои произлегуваат од преговорите со ЕУ, и од реформирање на нашиот економски пазар, и од отворање на пазарот за многу можности кои до сега ги немало, и од користење на европски фондови кои досега не сме имале можност да ги користиме, и од сè она што живот значи за секој наш граѓанин. Безбедноста и стабилноста секако.

„Можеби пред пет години членството во НАТО не ни изгледало толку значајно, но денес гледаме што значи да сте на безбедната страна на границата. Гледаме на какви страдања е изложена Украина, гледаме како држави како Финска и Шведска, високо развиени демократски држави, кои со векови имале политика на неутралност, денес ја преиспитуваат таа политика на неутралност и бараат членство во НАТО, а ние сме веќе таму. Тоа значи дека сме направиле вистински избор,“порача Маричиќ.

 

Линк до главната содржина https://civilmedia.mk/video-bojan-marichik-za-tsivil-media-natsionalizmot-e-silna-strana-na-slabite-politichki-optsii/

блокада ВМРО-ДПМНЕ маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.