Бунт во Центарот за мигранти во Гази Баба. Жителите кои живеат во близина на Центарот слушнале силно викање и го снимиле видеото на кое се слуша како мигрантите викаат„Сакаме слобода„
Очевици на настанот велат дека граѓаните се вознемирени, не знаат што се случува во Центарот, а ситуацијата не се смирува.
Од Невладината Легис велат дека не знаат за што с е работи, дали се работи за пренатрупаност од бегалци, дали се бунтуваат поради лошите услови или пак, за некоја меѓусебна расправија.
„ За што и да се работи ги молиме Народниот правобранител кој што има право да влезе внатре, како и УНХЦР и Црвениот крст да извршат надзор и да видат што се случува во Центарот“, изјави Јасмин Реџепи за НОВА.
Од надлежните се уште нема официјална информација што точно се случува во Ценатрот за мигранти во Гази Баба.
БУНТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА МИГРАНТИ ВО ГАЗИ БАБА, СКОПЈЕ! СЕ МОЛАТ МЕДИУМИТЕ, НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, УНХЦР И ЦРВЕН КРСТ ДА ИЗВРШАТ НАДЗОР!
Posted by Jasmin Redzepi on среда, 10 јуни 2015




