Словенечкиот ски-скокач Домен Превц (17) триумфира на скокалницата во швајцарски Енгелберг, а со четвртата победа оваа сезона и воопшто во кариерата ја зголеми својата предност во вкупниот пласман на Светскиот куп.
Помладиот брат на Петер Превц во Енгелберг славеше со скокови од 144 метри во првата серија што е нов рекорд од скокалницата, а во другата „леташе“ до 141,5 метри. Втор беше Полјакот Камил Стох, а трет Австриецот Стефан Крафт.
Домен Превц, со формата во која се наоѓа, е голем фаворит и за претстојната новогодишна турнеја „Четири скокалници“ бидејќи води со 540 бодови, 162 повеќе од второпласираниот Норвежанец Даниел-Андре Танде.
Генерален пласман во Светскиот куп во скијачки скокови
Домен Превц (Словенија) 540 бода
Даниел-Андре Танде (Норвешка) 382
Стефан Крафт (Австрија) 331
Камил Стох (Полска) 323
Северин Фројнд (Германија) 288
https://www.youtube.com/watch?v=6FL8739qMdY