Комитетот за надворешна полтика на ЕП предложи нова стретегија за проширувањето во која се бара земјите од Западен Балкан кои се во преговарачки процес да станат членки на ЕУ до крајот на оваа деценија.
За содржината на оваа нова стратегија новинарот Борјан Јовановски во Брисел побара одговор од европратеникот Тонино Пицула.
Во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 во разговор со европратениците Пицула и Матеја Немец, Јовановски праша „Дали францускит предлог ги негира термините македонски јазик и Македонци во европските институции? На ова прашање, одговорот на Пицула беше дека досега не наишле на таков проблем.