Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Демонстранти: Притворите се нелигитимни, се бранеше Македонија

0
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 28, 2017 14:57

Околу стотина демонстранти денеска се појавија на протест пред Основниот суд Скопје 1 каде што утрово откако беа приведени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, поранешни функционери и граѓани за насилните протести на 27. април, беа спроведени на распит во судот.

Пред почетокот на протестот кој го закажа ВМРО-ДПМНЕ за во 13.30 часот се појавија дваесетина демонстранти без транспаренти и со маици со обележја од ликот на „Ќосето“.

Се до 14:30 часот, на протестот не се појави ниту еден функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата, Никола Груевски, пристигна неколку минути подоцна.

Демонстрантите сметаат дека актуелната власт е нелигитимна и дека приведените за насилствата во Собранието се приведени противуставно.

„Во Парламентот треба да се бара виновникот. Кој ги предизвика нередите? СДС со насилниот избор на претседател на Собранието, со насилно избраниот премиер кој сега на сите страни шета и ја распродава Македонија. Коренот треба да се бара во Парламентот. Дефектот ќе се отстрани само ако оваа Влада се преслуша и виде како дојде на власт. Таа дојде насилно и не е избрана…Македонија има код и род од Вселената и македонски код од Александар Македонски“, вели еден од демонстрантите.

Други се нашле таму за да дадат поддршка на други одредени лица. Еден од соговорниците вели дека пред Судот се појавил поради приведувањето на оперскиот пејач Игор Дурловски.

Демонстрантите, од кои голем дел од нив не сакаат да зборуваат пред камерите, велат дека тие ќе останат на протест додека е тоа потребно.

Најмногу пет дена трае процедурата за одземање на мандат на пратеник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција во меѓувреме рече дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.

– Бараме итно и безусловно стопирање на малтеретирањата, теророт и изживувувањето кое го прави СДСМ. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон, рече на прес-конференција во партиското седиште Груевски најавувајќи дека ќе се приклучи кон учесниците на протестот.

Груевски оцени дека премиерот Зоран Заев и СДСМ, како што рече,  брутално удираат кон тие што мислат и делуваат македонски.

Информацијата за апсењето на екс-министерот Митко Чавков беше објавена утрово, кога тој по налог на јавен обвинител бил уапсен по отворена истрага за него за насилствата од 27 април во Собранието.

За време на крвавиот четврток Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија. Чавков досега не беше повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал, туку во утринските часови беше затекнат и уапсен од полициските екипи.

Покрај него, приведени се уште 15 -тина, меѓу кои пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.

Помеѓу нив се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Пешевска, пратеникот Крсто Муковски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.