Published: Monday, June 20, 2016 21:29
Демонстрантите на Шарената револуција во моментов ја тргаат заштитата од споменикот на Прометеј, кој е поставен во паркот спроти Собранието. Демонстрантите со платна го врзуваат споменикот, но засега нe се знае каква акција ќе преземат конкретно демонстрантите и дали ќе се потврдат шпекулациите кои кружеа дека вечерва ќе се руши споменикот. Демонстрантите во моментов скандираат „Готово е готово“. Во паркот се појави и специјалци кои ги спречуваат демонстрантите да го рушат споменикот.
Атмосферата од протестот може да ја погледнете во живо на НОВА на овој линк .




