Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Демонстрантите побараа оставки од целата Влада, слобода и демократија

0
By Нова ТВ on May 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2015 22:21


Стотици демонстранти вечерва точно во 18 часот на булеварот „Климент Охридски“ во близина на владата, повторно се собраа на протест со барање на итна оставка и преземање одговорност на целата влада.

Граѓаните повторно беа спречени да протестираат пред објектот на владата, а пред полицискиот кордон Поставија платно на кое пишува „Збогум Никола“.

Тие извикуваа „Оставка“, a покрај барањето за одговорнoст на целата влада, бараа и итно ослободување на сите активисти притворени од 5.мај наваму, како и формирање влада за демократизација на институциите.

-По оставките на Јанкулоска, Јанакиевски и Мијалков е повеќе од јасно дека самоорганизираното автентично движење од страна на граѓаните кое започна од 5 мај, вродува со плод. Тоа нас не охрабри денес помасовно, посолидарно од кога било да ги повториме нашите барања, истакна активистот Анастас Вангели.

На дел од транспарентите пишуваше „Груевски оди си“, „Слобода за студентите“, „Македонија се сака со оставки“ и „Три ластовички не ја чинат пролетта“ алудирајќи на оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, кои тие ги поднесоа вчера.

Денешната рута на демонстрантите од „Климент Охридски“ продолжи кон Основниот суд 1 во Скопје, каде демонстрантите побараа итно ослободување на студентите приведени на 5 мај.

Пред колоната граѓани се обрати студентот Мариглен Демири од Студентскиот пленум кој му порача на премиерот Груевски, „Николче нема да те оставиме на мира, се’ додека не ги ослободиш нашите другарки и другарки“.

Оттаму, граѓаните се упатија кон Собранието,каде говор одржаа повеќе активисти и студенти.

-Драги сограѓани, можеби оваа борба ја почнавме на различни фрегментирани фронтови, како што беше студентскиот, работничкиот и средношколскиот. Благодарение на нашата граѓанска и политичка свесност застанавме обединети во отпорот против сите оние кои не работат во нашите цели и интереси, туку обратно од нив, порача студентката Марија Грубор.

По два ипол часовен марш протестот заврши пред Собранието, откако претходно граѓаните уште еднаш потсетија дека ќе продолжат да протестираат секој ден во 18 часот, се до целосно исполнување на нивните барања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.