Престојот на Денис Родман во Северна Кореја и неговото пријателство со претседателот Ким Јонг Ун се уште е во центарот на вниманието на американската јавност.
Во директното вклучување, преку линк, во програмата на телевизијата CNN, поранешниот кошаркар ги загубил нервите и збеснал на новинарот кој го прашал дали има намера да преземе нешто околу прашањето за ослободувањето на американскиот државјанин Кенет Беа, кој е заробен во Северна Кореја?
„Знаете ли што тој човек направи тука? Дали знаете?“ викал неповрзано Родман, со пура во рака и очила за сонце.
На последователните обиди на новинарот, кој бара од Родман да одговори конкретно на прашањето, и да се даде објаснување, поранешната НБА ѕвезда реагирал бурно.
*Повеќе во видеото