МВР приведе скопјанец за недозволена трговија со марихуана.
Како што информираа од полицијата, настанот се случил вчера пред полноќ на улица „Словенечка“ во Скопје.
Полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, го лишиле од слобода Р.П.(37) од Скопје.
При преглед во неговото возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, под хаубата било пронајдено и одземено едно пакување со околу 350 грама марихуна.
Против Р.П. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.