Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, упати искрена благодарност до Европската унија за поддршката и помошта во справување со коронавирусот и за создаденото чувство на припадност кон тимот-Европа.
Видливата и конкретна помош од 12 респиратори и 5.000 специјални маски за зравствените работници, вели Димитров, даваат чуство на солидарност „дека заедно ќе излеземе на крај“.
„Ние сме третирани речиси како да сме земја членка на Унијата во поглед на вклученост во механизмите и фондовите за справување со пандемијата и за тоа не го говори само денешната значајна донација во вистински момет од 12 нови респиратори, 5.000 специјални маски за здравствените работници туку и целокупната европска најавена и планирана помош“, вели Димитров.
Последниот статус со донацијата од 66 милиони евра од ЕУ за справување со кризата е следен: четири милиони евра за итни медицински материјали од кои првата испорака вклучува и респиратори кои се доставени денеска, три милиони евра директна поддршка за буџетот, процедурите се во тек и ќе биде трансферирана во наредните недели, нагласува Димитров.
„Девет милиони евра се директна поддршка на малите и средни претпријатија, 40 милиони евра распределба на фондови, во моментов се реализира заедно со Владата, за помош на мали и средни претпријатија и мерки за активно вработување, 10 милини евра алокација за можни здравствени и други потреби што може да се појават“, појаснува Димитров.
ЕУ активираше и механизми за понатамошна помош во управување со коронавирусот. Во средата Европската комисија предложи пред Советот на ЕУ и Европскиот парламент 160 милиони евра макрофинансиска помош за буџетот на земјата во форма на заеми за управување со фискалните последици.
„Северна Македонија има право да биде поврзана со европскиот договор за јавни набавки за медицинска опрема и систем на ЕУ за брзо предупредување од заразни болести. ЕУ е во процес на ослободување за извозот на медицинска опрема за земјите од Западен Блакан, се разбира вклучувајќи ја и Северна Македонија. Покрај тоа обезбедена е билатерална помош од многу земји ченки“, вели Димитров.
https://www.facebook.com/dimitrovnikola/videos/10163467068435451/?t=16




