НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ѓоргиевска: Справувањето со насилството врз жените и девојките да биде наша секојдневна обврска и одговорност

0
By НОВА ТВ Balaban on December 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оттаму, таа посочи дека заложбите и силната посветеност денес, би создале безбедна структура на поддршка во иднина, со што евентуалните жртви ќе бидат охрабрени да пријават, бидејќи тоа е единствениот начин да добијат поддршка и услуги на заштита, што воедно ќе биде гаранција дека сторителите на насилство ќе бидат казнети.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, учествуваше на панел дискусијата „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – Што ќе се промени во пристапот за спречување и заштита од насилство врз жените?“ oрганизирана од Канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Поздравувајќи го процесот на операционализација на Законот за спречување и заштита од насилство преку кој ќе се овозможи функционалност на услуги и механизми, кои ќе ја зајакнат поддршката за жртвите на насилство, сопругата на претседателот, истакна дека усвојувањето на Истанбулската конвенција ни даде широка рамка како држава да интервенираме во повеќе области, да носиме подобри законски решенија, да работиме на зајакнување на капацитетите на институциите и граѓанскиот сектор. Во таа насока потенцираше дека се неопходни интервенции на повеќе нивоа и во повеќе области со цел успешно справување со насилството врз жените.

„Справувањето со родово базираното насилството особено со насилството врз жените и девојките е потребно да биде наша секојдневна обврска и одговорност, затоа што не треба да останеме само на говорење, треба да дадеме поддршка, треба да ги охрабриме жртвите да го прекинат својот молк и да се спротивстават, затоа што излез секогаш има“, рече Ѓоргиевска, нагласувајќи ја потребата надлежните институции да бидат беспрекорно ефикасни во овозможувањето на превенцијата и заштитата.

Во своето обраќање, сопругата на претседателот Пендаровски укажа и на тоа дека честопати жртвите не се охрабруваат да преземат чекори за сопствена заштита поради тоа што не знаат дали ќе можат да добијат непосредна помош или економски да опстојат. Таа потенцираше дека на жртвите им е потребно охрабрување за да пријават и да знаат дека нема да се соочат со осудување и стигма. Особено важно е, додаде Ѓоргиевска, жртвите да имаат лесно достапни информации за сервисите за поддршка, доколку решат да го напуштат домот, или заедницата која е извор на насилството.

„Одговорност и навремено реагирање треба да се очекува и од правосудните органи кои треба да испорачаат правда за жртвите, како и од службите кои треба да обезбедат услуги за заштита и закрепнување на жртвите на насилство“, истакна Ѓоргиевска, заклучувајќи дека токму недовербата во институциите, срамот од осуда и стравот од реперкусии претставуваат главни причини за насилството врз жените.

Сопругата на претседателот ја нагласи важноста на партнерскиот ангажман со агенциите на ОН, особено со мисијата на УНФПА, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и останатите министерства во Владата, но и со меѓународната заедница особено со претставниците на Обединетото кралство, Европската Унија и, секако, граѓанскиот сектор, за да се создаде систем за превенција и заштита од родово-базирано насилство. Оттаму, посочи дека заложбите и силната посветеност денес, би создале безбедна структура на поддршка во иднина, со што евентуалните жртви ќе бидат охрабрени да пријават, бидејќи тоа е единствениот начин да добијат поддршка и услуги на заштита, што воедно ќе биде гаранција дека сторителите на насилство ќе бидат казнети.

Таа посочи дека институциите имаат обврска и одговорност да се борат за овие цели. Мораме да дадеме и фактичка, а не само декларативна поддршка на жртвите на насилство, потенцираше Ѓоргиевска, и да им помогнеме за да прекинат со молкот, да бидат гласни и да се спротивстават.

Со денешната панел дискусија се одбележува почетокот на проектот „Спречување и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“.

Видео материјал: https://youtu.be/lbOFwMCqXfg

Елизабета Ѓоргиевска Законот за спречување и заштита од насилство Канцеларијата на УНФПА панел дискусијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.