Густ црн чад се издигна утрово над Тетово, а голем пожар го зафати поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол, пишуваат локалните медиуми.
Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен.
Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и возила од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје бидејќи пожарот е голем и се шири кон останатите магацински простории.