„Претседателот Ѓорѓе Иванов да си поднесе оставка“, „Не може да се амнестираат оние за кои има индиции дека со години правеле криминал“, „Граѓаните мора да бидат коректив на власта и масовно да излезат на улица, бидејќи друго ништо не им преостанува“. Ова се коментарите на студенти, активисти, режисери, актери, професори, млади и возрасни и останатите кои денеска излегоја на протест пред Народната канцеларија на претседателот во Центарот на Скопје.
Граѓаните скандираат „Нема правда, нема мир“ и „Мафија во робија“, додека Народната канцеларија на Иванов е под силно полициско обезбедување. Во моментов демонстрантите се упатуваат кон штабот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните сметаат дека одлуката на претседателот е нарачана, а Ѓорѓе Иванов со одлуаката врши удар врз правото, но и врз специјалното обвинителство.
Иванов денеска поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата поради зачувување на, како што рече тој државните и националните интереси




