Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Граѓанска бука пред домот на премиерот Груевски

0
By Нова ТВ on June 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 24, 2015 21:09


Со тапани, тенџериња, тави, со свирежи и транспаренти со ликот на премиерот Груевски, илјадници демонстранти денеска уште еднаш со протестен марш му порачаа на премиерот Никола Груевски веднаш да си поднесе оставка.

Протестот започна во 18 часот пред Владата на Република Македонија, а граѓаните маршираа до зградата во која живее премиерот.

Демонстрантите за време на протестниот марш скандираа „Нема правда, нема мир“ и „Оставка“, а како колоната се приближуваше до домот на Груевски, така бучавата стануваше се погласна.

Пред зградата во која живее премиерот, демонстрантите ги пречекаа кордони од полицајци и припадници на специјалните единици.

На импровизирана бина на улицата , пред присутните се обратија активистите Васко Лазаревски, Петрит Сарачини и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Сите тројца во своите говори му порачаа на премиерот што побргу да ја напушти Владата и да го спаси народот од беда.

-Цел свет слуша за тие политички бомби кои пукаат Македонија. Сите светски медиуми дознаа дека овде се живее во режим кој забрзано оди кон диктатура. Овде имаме Влада која ги узурпира последните неколку избори и на таа сметка е на власт. Сите слушнаа што се случува во Македонија, царот е гол. Тука сме, нека слушне, народот доаѓа по своето, рече пред присутните активистот Васко Лазаревски.

Активистите потенцираа дека граѓаните протестираат со чисти и празни тенџериња и тави бидејќи„ народот е чист, но трпезите им се празни“.

-Излези Николае на терасите од твоите четири стана, да видиш со народот твој што стана. Излези Николае на твојата тераса, да си ја видиш ограбената, понижена, уништена македонска раса. Излези Николае да ги видиш нашите празни трпези, нашите празни тенџериња и тави, да видиш што направи од оваа Македонија. Излези Николае-Ромео со твоите Џулиети, Али Ахмети и Мендух Тачи да видиш дека додека ти наводно даваше субвенции, селата се испразнија, луѓето избегаа во градовите, а сега бегаат и оттаму. Излези да видиш додека ти ги градеше оние споменици, народот трпи за леб, му порача активистот Петрит Сарачини на премиерот.

-Твоите комуњари, индијанци, човечиња, дојдовме да ти кажеме готово е Никола. Овде дојдоа горди граѓани, активисти, Македонци, Албанци, горди граѓани на Република Македонија. Дојдовме овде со чисти тенџериња и тавчиња затоа што ние сме домаќини луѓе. Дојдовме Никола да ти го кажеме она што твоите лигави полтрони не смеат да го изговорат – готово е Никола, заминуваш! Спаси го овој народ, иднината на оваа држава. Денеска поднеси оставка и завршува кризата во Македонија, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

По получасовниот граѓански бунт пред домот на Груевски, граѓаните повторно маршираа назад до Владата на Република Македонија, која изминатиов период е збирно место за низа антивладини протести, но и место каде граѓани, членови на опозицијата и активисти веќе 39 денови спијат во импровизираниот Камп на Слободата пред Влада и бараат оставки од целата власт, но и одговорност за сторените дела кои преку аудио снимките ги обелодени опозицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.