Премиерот Никола Груевски вечерва потврди дека тој и владата ќе си поднесат оставка и ќе има преодна влада пред изборите.
– Ние постигнавме договор во кој СДСМ се враќа во Парламентот на 1 септември. Како системско решение отсега па за сите парламентарни избори 100 дена пред секои парламентарни избори Владата ќе се повлече и ќе се формира Влада за спроведување на изборите, рече Груевски.
Во случајов, рече Груевски, ова ќе значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира привремен премиер за период од 100 дена, почнувајќи од 15-ти јануари 2016-та, до изборите кои ќе се одржат на 24-ти април 2016-та.
-За да не може некој да има алиби и заговори за резултатите од изборите се согласивме почнувајќи од 20-ти октомври, па до изборите, СДСМ по претходна консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да даде предлог за технички министер за внатрешни работи, што значи личност која на ниту еден начин не се поврзува со ниту една политичка партија.
Воедно,отворивме можност СДСМ да предложи министер за труд и социјална политика од ситито датум. Истовремено, во овие две министерства, ВМРО-ДПМНЕ ќе именува свои заменици министри со право на увид и вето за сите прашања поврзани со изборите, рече Груевски.
Тој нагласи дека такви заменици министри ќе бидат номинирани од страна на СДСМ во минситерството за финансии,




