Мојот интегритет јас ќе го потврдам преку работењето, политиките и одлуките коишто ќе ги носам, доколку бидам избран за претседател на СДСМ, вели тој
Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, денеска официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.
– Ја поднесов мојата кандидатура, согласно роковите, до партијата во која ја доставив мојата визија и програма под наслов „Заедно, одговорно и посветено“. Програмата е базирана на три столба – социјадемократска визија, јасни социјадемократски вредности од кои извираат принципите, вредностите на работењето и резултатите кои од него, економски раст и фер шанса и јасен систем со одговорност во кој најдобрите ја добиваат одговорноста и шансата за исполнување на сите проекти ветени пред граѓаните, рече Ковачевски.
Во врска со евентуалното влијание на Зоран Заев врз него и неговите одлуки, Ковачевски одговори:
– Мојот интегритет јас ќе го потврдам преку работењето, политиките и одлуките коишто ќе ги носам, доколку бидам избран за претседател на СДСМ, вели тој.
Кандидатура за претседателка на СДСМ, пред Ковачевски, поднесе и Фросина Ременски.