Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: In and out

0
By Светлана Јовановска on July 3, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брекситот ќе ја примора Велика Британија да излезе од Европската унија. А Шкотска ја турка кон влез.

Британскиот премиер Дејвид Камерон неделава за последен пат седна на маса со 27 колеги европски лидери. Истовремено Никола Стурџен, шкотската прва министерка, беше во Брисел. И за прв пат бараше место на лидерската маса.

 “Шкотска јасно гласаше за останување во ЕУ и јас ветувам дека гласот на Шкотска ќе биде слушнат”, изјави таа.

Во 2014 година Шкотска организираше референдум за отцепување од Велика Британија. За време на тој референдум, британскиот премиер упорно им повторуваше на Шкотлаѓаните дека е подобро да останат заедно во заедничката Велика Британија. Резулатот покажа дека успеал да ги убеди. Но брегзит подели нови карти. И јасно покажа дека 62 отсто Шкотлаѓани не сакаат да излезат од Европската унија.

Шкотската фирст министерка во Брисел неделава се сретна со првите луѓе на Европскиот парламент, на Европската комисија и редица европски политичари. Но, Полјакот Доналд Туск, претседател на Европскиот совет, одби да се сретне со неа. Тој смета дека во оваа политичка бура не е добро време за средба шкотски политичар.

Туск со задоволство ќе се сретнеше со Стурџн но му било дошепнато дека тоа би налутило некои земји членки. Како Шпанскиот премиер кој најавил дека ќе одбие било какви преговори со Шкотска. Мариано Рајох стравува дека тоа може да им даде свежи идеи на Каталонците кои сонуваат да се отцепат од Шпанија.

Сепак, шкотската премиерка со голема насмевка изјави дека во Брисел и биле отворени многу порти. Таа забежала драстична промена во европското однесување кон неа. Во 2014 година приемот бил студен. А сега наишла на срдечност.

Разбирливо. Европските институции не кријат дека шкотската независност, по брегзитот, би била вистински спас за да може Европската унија да остане со 28 земји членки. И Шкотска да им покаже на евроскептиците дека излезот од Унијата не е добро сценарио.

Некои европски правници веќе го разгледуваат шкотското досие и бараат начин да ја задржат Шкотска за земја членка. Според нив начинот е нов референдум за независност кој би се случил во наредните две години пред британскиот егзит од Унијата. Ако изгласа отцепување од Велика Британија, Шкотска би можела да го преземе британското место без да преговара ново членство како земја кандидат.

Европската унија бара начин да преживее. Не сака да ја дели судбината на Велика Британија која без Шкотска повеќе нема да биде цела.

брегзит ЕУ хроника Шкотска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.