Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Интервју со Башеску: Без проширување, ЕУ ќе остане без кредибилитет

0
By Борјан Јовановски on December 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Г-дине Башеску, како искусен политичар и поранешен Претседател на Романија, како го коментирате ставот на Макрон за проширувањето?

„Најпрво, не се работи само за Макрон. Холандија и Данска се солидаризираа со Макрон во барањето за одложување на поканата за Албанија и Северна Македонија да започнат со преговори“.

Сметате дека се работи за одложување или блокирање на процесот на проширување?

„Без сомнеж се работи само за одложување. И мора да земете предвид дека за неколку месеци Макрон има регионални избори, што генерира ставови кои во моментот поголемиот дел од земјите ги сметаат за неприфатливи. Ставот на Макрон заедно со Холандија и Данска се смета за неприфатлив бидејќи со ваквите случувања ние како Европска Унија го загубивме кредибилитетот во однос на нашата одлука за проширување на Европската Унија“.

Какви се изгледите за проширување во овие, малку конфузни, политички околности?

„Мислам дека во првата половина од следната година Северна Македонија и Албанија ќе добијат покана, со оглед на тоа што Макрон се соочи со реакцијата на другите земји кои се разочарани од ставот на Франција“.

Дозволете да ве прашам за Романија, бидејќи се чини дека Романија не успеа да имплементира некои од основните европски вредности во однос на владеењето на правото, на пример. Тоа е аргумент за земјите членки кои се спротивставија на проширувањето, во смисла – погледнете што се случува во Романија и Бугарија? Што е следно?

„Романија не е неуспешна во имплементирање на владеењето на правото. Ние го имаме
основниот систем што значи дека владеењето на правото е воспоставено. Но, не сме
совршени“

Сепак, многу земји членки отворено ја критикуваат Романија.

„И ние ги критикуваме нив. Владеењето на правото е реалност во Романија од моментот на влегувањето во Европската Унија. Не можете да станете членка без да имате систем на владеење на правото“

Кои се вашите научени лекции од вашиот процес на интеграција кои би можеле да бидат корисни за нас, на пример, за таканаречената нова методологија?

„Тоа не е методологија. Мора прво да се имплементираат главните стандарди. Тоа е филозофијата на Европската Унија. Кога ги имате имплементирано главните стандарди во однос на владеењето на правото, слободната пазарна економија, почитувањето на европските спогодби, кога се исполнети главните услови, добивате покана да станете полноправна земја членка. Откако ќе станете членка, вие сте под притисок од Европската Унија да се подобрувате, да го достигнете нивото на старите земји членки“.

Имајќи го предвид вашето искуство со процесот на проширување, што предлагате дека треба да се направи за процесот на проширување да биде поефикасен?

„Да се следат упатствата од Брисел. Тоа ви го препорачувам, бидејќи никогаш не сум видел Брисел да направи отстапка. Кога имате листа со работи кои прифаќате да бидат
имплементирани, мора да испорачате“

Која е вашата најтешка епизода во текот на вашето претседателство во врска со Европската комисија и институциите на ЕУ?

„Правдата беше и останува главен проблем во нашите односи со Европската Унија, што не значи дека Романија го нема имплементирано владеењето на правото. Но, не сме доволно ефикасни во однос на стандардите на Европската Унија. На пример, имаме судски процеси, главно од областа на кривичното право, кои траат по десет години, што е неприфатливо од гледна точка на Европската Унија. Сè уште имаме политичари за кои постои сомнеж дека се корумпирани и против кои системот на правда не постапува. Овие работи се секогаш приоритет за Европската Унија во однос на правдата. Со други зборови, тие ќе кажат – Во ред, вашиот систем на правда функционира, но каде се големите риби?“

Како го објаснувате случајот со специјалната обвинителка во Романија? На некој начин таа потфрли, но во меѓувреме стана главна обвинителка во Европската Унија.

„Се работи за конкурентност. Во однос на оваа дама која е сега европски обвинител, јас ја назначив г-ѓа Ковеси за главна обвинителка на Романија кога таа имаше 29 години. Беше многу млада. Таа ги следеше мандатите (?). Во последниот период имаше доста грешки во нејзиното работење, но таа сепак ги исполнуваше критериумите на Брисел за главен обвинител на Европската унија“

Значи, не беше добра за Романија, но добра е за Брисел?

Добра е за Брисел. Романија е земја која некогаш добива од Брисел, но некогаш и
извезува Романци.

интервју Трајан Башеску
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.