Италијанскиот весник ЛаВерита од Милано на својата веб страница објави видео снимка која се поврзува со случајот Рекет и еден аудио разговор. На снимката се Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец кои се осомничени во случајот за тргување со влијание и за перење пари, и Орце Камчев кој е сведокот во случајот. Аудио разговорот е меѓу Јовановски и Камчев, кој се однесува на случајот Империја, во кој меѓу осомничените е и Камчев, и во кој се споменува и името на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.