Извлечен е од водите на Женевското Езеро туристички автобус на струшката компанија „Еуро-Бус“ кој вчера утрото потона во езерото.
Автобусот бил паркиран на нерамен простор во кантонот Вевеј а патниците биле излезени надвор од автобусот.
Од непознати причини автобусот, кој бил празен, почнал да се движи сам, за кратко време целосно потонал во езерото.
За сега е нејасно дали можеби автобусот имал проблем со сопирачките.