Во недела Македонија ќе гласа на, досега најнеизвесните избори, но и избори кои ќе ја определат евроатлантската иднина на земјава. Денеска е последен ден од кампањата и последна шанса за партиите да им се обратат на гласачите и да ги убедат да гласаат за нивната платформа. ВМРО-ДПМНЕ се трка за уште власт по десет годни, исто како и ДУИ, СДСМ се бори за промена на власта, а тука се помалите партии кои бараат парче од гласачкиот колач. А што сакаат гласачите? НОВАТВ разговараше со симпатизерите на повеќе политички партии. Ги прашавме: Што сакаат од партиите; ги читале ли програмите; зошто ја одбрале токму таа партија. Погледнете го видеото.