Лидерот на БЕСА, Билал Касами  на излегување од Собранието изјави дека се сомнева дека Кастриот Реџепи е присилен да не дојде денеска во законодавниот дом и дека наводно се држел некаде на сила за да не може да дојде.

Касами повтори дека БЕСА останува на ставот  за „ пад на овој ртежим“ како што изјави и се чуди што се случило во меѓувреме што Реџепи до вчера бил на позиции како останатите 60 пратеници со кои требаше да се руши власта а , денеска , не знае каде се наоѓа.

– Сè додека немам јасна слика и глас од пратеникот за својот став, јас се сомневам дека тој против своја волја го има декларирано тоа што има декларирано и не може да дојде во Собранието и да ја искаже својата позиција“, рече Касами.