Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски и Столтенберг на прва средба во Брисел-Алијансата ја цени посветеноста на Северна Македонија како најмлада членка во НАТО

0
By Mirjana on February 3, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО ја цени посветеноста на Република Северна Македонија  како најмлада членка во Северноатлантската алијанса и поради тоа што го финализира военото интегрирање за кусо време по зачленувањето и поради придонесот во мировната мисија на Косово. НАТО ја гарантира вашата безбедност и безбедноста на вашето небо и тоа е дел од принципот на солидарност. Ова го нагласи генералниот секретар на НАТО , Јенс Столтенберг во рамки на заедничката изјава со премиерот Димитар Ковачевски , кому ова е прва официјална посета на Брисел по назначувањето на функцијата.

Столтенберг нагласи дека една од темите на разговор била состојбата за и околу украинско-руската граница трупањето на воени трупи од страна на Русија,нешто што се совпаѓа со нуклеарните вежби кои Русија ги почнува во моментот. Столтенберг зборуваше дека и НАТО има распоредено околу 8.500 воени трупи но дека исто такво распоредување треба да има кон северниот дел на Алијансата. Столтенберг ги соопшти позициите дека ја повикувата русија на деескалација и враќање на дијалогот .

– Сакаме да најдеме политичко решение за кризата но вие мора да бидете подготвени за најлошото, му рече Столтенберг на Ковачевски.

Премиерот Ковачевски ја поздрави можноста што денеска е во Брисел и што е во непосреден контакт со претставниците на НАТО. Истакна дека со тоа што НАТО ја практикувало полтиката на отворени врати Северна Македонија денеска е членка на Алијансата и дека за нас тоа значи безбедност , просперитет и сигурност. Во контекст на нашата позиција за и околу Украина, Ковачевски рече:

– Ние се приклучуваме кон апелите на НАТО, Русија да деескалира и да го продолжи  дипломатскиот дијалог. Ги поддржуваме напорите на НАТО за тематски дијалог со Русија  во насока на намалување на безбедносниот ризик и за  контрола на оружјето и го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет  на Украина во меѓународно признатите граници, изјави Ковачевски, дополнувајќи дека:

– Како сојузници ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција. Македонија останува целосно посветена на основачкиот договор од Вашингтон како и на фундаменталните вредности и принципи на Алијансата, заклучи премиерот Ковачевски.

По средбите и активностите во НАТО, македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски а во која се и вицепремиерот зе европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево е на средби со претставници на ЕУ  а прва на агендата е онаа со претседателот на Советот на ЕУ , Шарл Мишел а потоа и со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Метсола.

(М.Т.)

 

Брисел Ковачевски НАТО средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.