Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео)Кривични пријави за Доневски и „Секјуриком“

2
By Нова ТВ on March 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 16, 2018 16:14

 Управата за финансиска полиција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување и „соизвршителство“ против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Васе Доневски и против странскиот државјанин В.Г.  сопственик и управител на Друштвото за обезбедување и услуги „Сејкуриком мулти сервис интернационал“ ДОО Скопје.

Поранешниот директор на СОЗР,  според  директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми во текот на 2015 година свесно и со однапред утврдена намера ја искористил службената положба со тоа што и овозможил на „Секјуриком“  да се појави како повеќе различни компании, иако сите биле поврзани меѓу себе.

Според  Сузана Петровска од Финансиската полиција, првопријавениот Доневски испратил известување за оглас за јавна набавка до седум електронски оператори . Четири од нив, Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком мулти сервис интернационал“ ДОО Скопје, Друштвото за услуги „Секјуриком сервис“ ДООЕЛ увоз – извоз – Скопје, Друштвото за услуги АПС ДОЕЛ Скопје  и „Топ сервис“ ДОЕЛ Скопје се капитално поврзани односно сите се  во сопственост на второпријавениот.

Друштвото за производство, трговија и услуги „Серта“ ДОЕЛ увоз – извоз Скопје и Друштвото за хигиенско-технички услуги „Техночист“ ДОО Скопје , пред јавната набавка имале соработка со „Секјуриком мулти сервис интернационал“.

Друштвото за трговија и услуги „Еко клининг“ ДОЕЛ Скопје е фамилијарно поврзано со „Серта“ ДОЕЛ.

Пријавените склучиле договор за извршување на услуги прекршувајќи го Законот за јавни набавки со што оформиле неделива постапка за јавна набавка која меѓусебно опфаќала пет дејности коишто не се поврзани: одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, услуги за обезбедување и ПП заштиа и услуги за оперирање со ТТ централи за органите на Државната управа.  Сето тоа, било со намера да се намали и елиминира конкуренцијата, ја избегнале можноста и за електронска аукција со која ќе се овозможи конкурентно наддавање и намалување на цената на услугите. „Секјурикум мулти сервис интернационал“ се стекнало со противправна имотна корист во износ од 660.834.855 денари.

Петровска објасни дека истите простории сега се чистат за речиси половина од цената постигната на спорниот тендер, поточно за 45 проценти, само затоа што на новиот тендер била овозможена конкуренција при наддавањето.

Финансиската полиција три месеци го истражувала случајот и вчера со судска дозвола упаднала на неколку локации, каде нашла документи што претходно не можела да ги обезбеди од СОЗР. Запленила неколку електронски уреди, УСБ-иња и возило, кое било во сопственост на  „Секјуриком“, но  приватно го возел поранешниот директор на владината служба Васе Доневски.

 

 

 

Васе Доневски Секјуриком финансова полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.