Користејќи тврди предмети, физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Истите се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Дебар – соопштија од СВР Охрид
Видео од масовна тепачка помеѓу две групи граѓани која се случила во среда навечер пред слаткарница во Центар Жупа се појави на социјалните мрежи.
Од СВР Охрид денеска информираа:
– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар. Тие, на 18.08.2021 година околу 22 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и, користејќи тврди предмети, физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Истите се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Дебар – соопштија од СВР Охрид.
Од СВР Охрид и од полициската станица Дебар за ММС демантирале дека станува збор за недоразбирање поради вакциналните сертификати, како што е наведено од објавувачот на видеото на социјалните мрежи.
Според полицијата, масовната тепачка се случила поради нерасчистени односи помеѓу две семејства.
Дебар вечерва
Газдата инсистирал сите без сертификати да ја напуштат терасата на локалот pic.twitter.com/de1U5VzJ9r— ‘903 (@NebesenMir) August 22, 2021