Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Македонскиот јазик е борба која никогаш не завршува – За Центарот за македонски јазик во Грција

0
By Ана Василевска on May 5, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ, Фотографија: Ангел АНГЕЛОВСКИ, Камера: Алек РИЗИНСКИ

Една по друга паѓаат како неосновани сите тужби и приговори во судот во Лерин, во Република Грција, против Центарот за македонски јазик.

Се покажа како исправна одлуката на судските власти во оваа земја, соодветна на 21 век, да го регистрира Центарот за македонски јазик, кој за македонското малцинство во Грција е историска победа. Чин на остварување на аманетот на многу претходни генерации кои на своите наследници им порачаа дека борбата за македонскиот јазик и за правата на Македонците е постојана борба која никогаш не треба да заврши.

Три дена во Лерин и Мала Преспа, за екипата на Рацин.мк беа денови исполнети со средби со прекрасни луѓе, Македонци и Грци. Средби исполнети со емотивни разговори, но со отворен и оптимистички дух, наспроти тегобите со кои секој од нашите соговорници, на еден или друг, начин се соочувале и се справувале низ животот.

Во оваа сторија од серијата „Три дена во Лерин и Мала Преспа“, се испреплетуваат приказните на Слободан Манѕов, или Лефтерис Манѕас според личната карта, на Пеце Бенишев, односно Петрос Василијадис, на Пандо Ашлаков по грчки Панајот Анастасијадис, на Павлос Васкопулос Филипов, еден од лидерите на „Виножито“, и на Александра Јоаниду, професорка на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот во Солун и на Јанис Јогас професор по сликарство на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот на Западна Македонија во Грција.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК САКА БОРБА

Во разговорот со овие луѓе плени и едноставноста и „простата“ строгост со која ги прифаќаат и се соочуваат или се соочуваа со предизвиците за да се изборат за нивното право да го говорат, чуваат и негуваат мајчиниот, македонски јазик и традициите на нивниот етнос.

Слободан Манѕов, односно Лефтерис Манѕас, еден од потписниците на основачкиот акт за Центарот за македонски јазик вели дека нивната идеја уште еден чекор повеќе во повеќедецениската борба за основното човеково право да се говори на мајчиниот, македонски јазик.

– Тоа го правиме за да може нашиот народ тука и нашата младина, коишто не можат да учат македонски во грчките училишта, да го научат јазикот и да можат преку интернет кој сака да го учи слободно јазикот. И не само тоа, велиме државата да преземе мерки (македонскиот јазик) да се учи во училиштата, во средното и на факултетите, вели Манѕов, односно Лефтерис Манѕас.

Слободан Манѕов, односно Лефтерис Манѕас, уште вели дека „многу од младите не го знаат јазикот, а ние им велиме дека затоа е формиран Центарот за македонски јазик“.

– Ние им велиме да си го учат јазикот колку што можат преку Центарот за македонски јазик, ама и домашните да им зборуваат, мајките татковците, на македонски, за да го учат јазикот подобро – вели Манѕов и уште додава дека е оптимист дека наскоро Македонците тука во догледно време ќе можат целосно слободно да си зборуваат на својот јазик и дека веќе нема имаат проблеми.

– Верувам дека ќе можат. Ама… сака борба, едноставно, но јасно вели Слободан Манѕов, односно Лефтерис Манѕас.

Повеќе на Рацин.мк

македонски јазик Преспа Република Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.