Објавен е видео-запис со плавокосото девојче кое неодамна беше пронајдено во ромската населба во Грција, пишува Daily Mail.
Видеото наводно е снимено пред три недели, а на него се гледа како девојчето неволно игра со двјаца возрасни луѓе.
Организацијата која сега се грижи за девојчето, познатo како Марија, откри дека детето било тренирано да проси, да игра и да моли за пари користејќи го својот невин изглед.
Марија во моментов е во центарот на истрагата на Интерпол преку која се прават напори да се утврди нејзиниот идентитет.
Адвокатот на ромскиот пар кај кои живеело девојчето трвдеше дека Марија ја усвоиле од нејзината биолошка мајка. Денеска тие треба да се појават пред судот зашто се обвинети за киднапирање, јавува СNN.
Полицијата го пронајде девојчето при рација во ромската населба Табако недалеку од Фарсал во средишна Грција. Полицијата се посомневала зашто било очигледно дека детето нема никаква сличност со парот со кој живеело.
Грчката хуманитарна организација која сега се грижи за Марија, објави дека примила над 8.000 позиви од нејзиното пронаоѓање, пишува BBC.



