Утрово е мирно на Бит-пазар по вчерашните инциденти кога при полициската акција за собирање петарди полесно беше повреден и еден припадник на полицијата. Петарди и други пиротехнички средства се уште се продаваат, и тоа во присуство на полицијата.
На самото место каде што вчера се случи инцидентот, денес се забележуваат и пукања на петарди и огномети, а продавачите се спротиставија на обидите на НОВА да го забележи тоа на камера. Во моментов се забележува и продавање на петарди и огномети и низ улиците, на семафорите на најпрометните раскрсници.
Сообраќајот се одвива нормално, а присуството на полиција е намалено.
Вчерашниот инцидент се случил кога поголема група од 200-300 луѓе се спротивставила на полициската акција, при што ги нападнале полицајците, и го блокирале сосема реонот кај Бит-пазар, со контејнери. Полицијата пукала во воздух, со цел да ја растера групата.
Полицијата изминатиов перид врши секојдневни контроли со цел спречување на нелегалната продажба на пиротехнички средства. Во текот на последниов месец, полицијата заплени околу 200.000 парчиња.




