Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО митинг на СДСМ во Скопје: во Македонија може и мора подобро да живееме

0
By Нова ТВ on April 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 6, 2014 22:37


На плоштадот Пела во центарот на Скопје во 19.30 започна митингот на СДСМ и коалицијата на кој се претставуваат кандидатите за пратеници од СДСМ и од коалициските партнери, како и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Илјадници граѓани се собраа вечерва на плоштадот „Пела“ во Скопје за да му дадат поддршка на СДСМ и на коалицијата, кои на големиот собир ги претставија кандидатите за пратеници и својот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.

Мотото под кое СДСМ тргна во кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април е „Промени за нов почеток“.

Пораката која СДСМ ја испрати од Пела е дека доаѓа ново време за Македонија. Носителите на изборните единици од Социјалдемокраскиот сојуз му порачаа на Груевски дека е дојдено време за промени кои ќе бидат најавени на 13 април и новото време кое доаѓа по 27 април.

«Цврсто сме решени да ја вратиме државата на граѓаните. Без разлика каде и на која категорија и припаѓаме, мораме заедно да придонесеме за подобар живот на Македонија. И на оние колебливите кои никогаш не гласале им порачуваме – може подобро да се живее. Тоа им го прачуваме и на младите кои изгубиле надеж. Може да има и објективно судство, и независни медиуми. Може да се врати и меѓународниот углед на земјата, може да станеме членка на НАТО и на ЕУ без да се промени името, тоа го можат новите луѓе кои носет нови промени и нов почеток за Македонија» – истакна лидерот на СДСМ.

Во Македонија може и мора да се живее подобро, Македонија заслужува подобра иднина им порача на граѓаните лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека нема да се дозволи да се украде Македонија на овие избори зошто тоа ќе биде спречено и заедно ќе победиме, истакна Заев.

Претседателот на СДСМ пред граѓаните истакна дека државата ќе се врати на граѓаните.

«Во Македонија може и мора подобро да живееме, Македонија заслужува подобра иднина. Оваа што го гледам влева огромна енергија и верба за нов почеток. Мора да се победи оваа недемократска власт. Во име на граѓаните, со задоволство можам да констатирам, тоа што го чуствувавме на сопствена кожа, повеќе нема да го потиснуваме. Нема веќе да премолчуваме, на овие избори тоа ќе го спречиме, ќе победиме. Ако некој уште има сомнеж дека не може, тогаш прашајте ги луѓето во Центар дали не може. Три круга издржаа и кажаа „не“ за власта на Груевски. Овојпат така ќе биде за цела Македонија, Стево Пендаровски во првиот круг ќе ја најави големата победа на Македонија» – рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.