Во полициската акција „Шпион“ од синоќа до денеска се уапсени 17 лица, а осомничени 22 лица. Според полицијата три лица се во бегство, а двајца во затвор.
Во акцијата „Шпион“ на која МВР работела две години инволвирани се 22 лица, приведени се 17, по тројца се трага а двајца веќе излежуваат казна затвор, потврдуваат од МВР.
Се товарат за кривични дела шпионажа, уцена и измама, при што давале информации на разни странски служби, за кои МВР досега не дава детали за кои земји станува збор.
>> „Шпион“: 22 осомничени, 17 уапсени, по тројца се трага
Двајца од уапсените биле вработени во Агенцијата за разузнавање, двајца активни во УБК, четворица се поранешни припадници на МВР, двајца од Министерство за одбрана, еден активен во МО, еден е од Собрание, еден од Агенција за спречување перење пари.
Членовите на групата поседувале цели архиви на класифицирани документи со назнака „доверливи“ и „државни тајни“, со кои ја шпионирале државата и уценувале поединци. Меѓу себе биле координирани од своевидна паралелна служба.
Полицијата пронашла 16 парчиња оружје и 27 лап-топови и персонални компјутери, како и 32 мобилни телефони, УСБ-а и мемориски картички.
>> Предмалку уапсен припадник на цивилната служба на АРМ
Како што објави НОВА, во акцијата Шпион, уапсен е и Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон. Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков и Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање се останатите уапсени во оваа полициска акција.
>> Меѓу уапсените во акцијата “Шпион” и Мичо Насковски
Полицијата ги привела и режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“ кој и покрај големата популарност беше укинат и Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година. Уапсен е и припадник на цивилната служба на АРМ, кој бил вработен во Секторот на човечки ресурси.
>> Уапсени Борис Дамовски и Марјан Маџовски
*во видеото не се слушаат прашањата на новинарите поради технички проблем




