Ни доаѓа сончева бура која ја предизвикала т.н. експлозија на „мртви“ дамки. Целосно неактивна „мртва“ сончева дамка означена како AR2987 ненадејно експлодирала на 11 април и исфрлила огромно количество соларен материјал кој тргнал во правец на Земјата. Последиците од оваа експлозија , според проценките, на земјата би се почувствувале за два дена од сега односно на 14 април, во форма на геомагнетна зголемена активност. За ова објави Филип Џаџ, соларен физичар од Опсерваторијата во Националниот центар за истражување на атмосферата на САД, (NCAR). 

Короналната експлозија од неактивната сончева дамка , според податоците на Центарот за прогноза на вселенските временски прилики, исфрлила огромно количество на радиоактивно зрачење надвор од „сончевата круна“ и големо количество на плазма која би можела да предизвика поинтензивна северна светлина во горните слоеви на Земјината атмосфера.