Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Наумовски: Верувам дека Петков ќе успее да состави ново парламентарно мнозинство и ќе остане бугарски премиер

0
By Sashko on June 14, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: youtube/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 14, 2022 23:10

Верба и надеж дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе успее да состави ново парламентарно мнозинство во наредните неколку дена и со поддршка на Европската Унија (ЕУ) да се тргне ветото за Македонија за почеток на преговорите за членство, испорача Васко Наумовски, поранешен вицепремиер на македонската влада и политички аналитичар во вечерашното гостување во „Клук плус“ на ТВ 21.

„Бугарија минува низ нова политичка неизвесност што е својствено за нив во изминатите две или три години. Една од темите за кои постојат разлики меѓу коалициските партнери, секако, е односот со Македонија и билатералниот спор што го имаме. Излегувањето од владата на партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов може да се толкува како обид за предизвикување на дестабилизација и пад на владата на премиерот Петков“, е оценка на Наумовски.

Според него, владата на Петков настапила со еден нов наратив, со нови идеи, внесувајќи нов потенцијал во билатералните односи со Македонија.

„Прашање е дали тој потенцијал се оствари до крај или не. Знаеме дека сите идеи не доживеаја сопствена реализација, меѓутоа споредбено со претходните влади, владата на Петков имаше еден поумерен пристап. Неговите потешкотии внатре во коалицијата, секако, придонесоа тој на еден начин да застане на патот кон компромисот. Но, сепак, верувам дека тој ќе успее да состави новио мнозинство во бугарскиот парламент што ќе има можност да направи некаков пробив во наредните неколку денови. Излегувањето на неколку пратеници од партијата на Слави Трифонов и најавата дека тие ќе продолжат да ја поддржуваат актуелната влада на Петков, отвора можност за нејзино одржување и во таа насока да се направи нов обид, со поддршка од партнерите од ЕУ, за кревање на ветото во наредните неколку дена“, смета Наумовски.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
ФОКУС
March 7, 2026

Трендафилов: Ние ќе се бориме за вашите плати ама мора да почнете да се бпорите и вие

ВЕСТИ March 7, 2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на…

„Пет до дванаесет“ помина – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оди на протест на 14-ти март

March 6, 2026

По пет убиени жени само во една година, Тошковски ќе прави систем што ќе ги штити жртвите 24/7!

March 6, 2026

Техеран во пламен

March 6, 2026
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.