Кошаркарите на Денвер ноќеска ја победија екипата на Њу Орлеанс со 107:102, додека победа на почетокот на НБА лига запишаа и Оклахома, Индијана и Торонто.
На Њу Орлеанс за победа не му беше доволна ни сјајната партија на Ентони Дејвис кој постигна дури 50 поени, а покрај тоа запиша и 16 скокови, 5 асистенции, 7 украдени топки и 4 блокади, со што стана шести играч кој успеа да направи таков добар скор во првиот меч од сезоната. По Дејвис следеше Тим Фрејзер со 15 поени, додека Вилсон Чендлер постигна 12 поени.
Кошаркарите на Мемфис ја победија Минесота со 102:98. Во редовите на победничкиот тим најефикасен беше Мајк Конли со 24 поени, Пол Гасол постигна 18, а Зек Рендолф 19 поени.
Новата сезона во НБА лига со победа ја почна и Торонто, кој го предводеше Демар Дерозан славеше против Детроит со 109:91. А, кошаркарите на Оклахома ја победија Филаделфија со 103:97.
Резултати:
Индијана – Далас 130:121
Орландо – Мајами 96:108
Бостон-Бруклин 122:117
Торонто-Детроит 109:91
Мемфис-Минесота 102:98
Милвоки-Шарлот 96:107
Њу Орлеанс-Денвер 102:107
Филаделфија-Оклахома 97:103
Финикс-Сакраменто 94:113
ЛА Лејкерси-Хјустон 120:114
https://www.youtube.com/watch?v=W8ilsXHhyRk