-Нешто лупна. Имам некои животни па мислев дека се тие. Се додека не ми се јавија и ми кажаа дека е авион. Не слушнав експлозија. Не видов ни чад. Не знам кога точно беше 17.30 или 18 часот. Тука често поминуваат авиони, тука им е рутата. Таму не се оди со автомобил. Таму од киселата вода до овој долот тука близу Вардар. Постојано тука има слетувања и полетувања, вели жител на областа каде попладнево се урна мал приватен авион. Полицијата во моментов се обидува да се пробие до местото на несреќата.