Светската телевизиска куќа CNN ги објави видеата според кои американскиот претседател Барак Обама ја води политиката во Конгресот каде прави напори сиријскиот режим на Башар ал-Асад да одговора за нападите со хемиско оружје.
Видеата се вознемирувачки, и според исказите тоа се потврдени видеа од страна на разузнавачките служби.
По Г20 Самитот, претседателот Обама и рускиот претседател Владимир Путин сеуште се разидуваат во врска со потенцијалниот напад на Сирија. Многумина го обвинуваат Обама и неговата администрација во своите цели да ја нападнат Сирија, земајќи го во предвид, за како што велат неговите критичари, причините и исходот за нападите во Ирак.
Рускиот претседател пак вели секој напад на Сирија би бил незаконски, а тие се подготвени да и помогнат на Сирија доколку САД реши да ги нападне. Неодамна и Велика Британија гласаше против воена интервенција и покрај барањата на премиерот Дејвид Камерон.
Извештајот на ОН изготвен од страна на истражувачите на терен во Сирија, се чека во следните неколку дена.