Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон бара Бугарија да го признае македонското малцинство

0
By Mirjana on February 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД)  бара Бугарија да го признае македонското малцинство и да го воведе во бугарскиот Устав, заедно со другите малцинства во државата.

Паралелно со оваа заложба, претседателот на ОМД, Мето Колоски, ги анализирал правата загарантирани во бугарскиот Устав на граѓаните кои се декларираат како небугари. (Анализата на англиски можете да ја прочитате ТУКА.)

– Иако цврсто верувам дека Бугарија и Македонија, како соседи, треба да работат на зајакнување на врските меѓу луѓето, проширувањето на економските можности и трговија, се надевам дека граѓанските права на македонското малцинство во Бугарија нема да бидат дополнително компромитирани. Македонците во Бугарија се бугарски државјани – бугарскиот устав ги гарантира тие права, а Бугарија мора да се помири со постоењето на ова малцинство и да им ги овозможи целосните права и заштита според бугарскиот устав, пишува Колоски.

Како прилог кон овие свои тези, претседателот на ОМД, Мето Колоски споделува и неколку члена од Уставот на Бугарија кои се однесуваат на третманот што би требало да го имаат бугарските граѓани кои се декларираат дека се припадници на друг народ, односно се малцинство.

Бугарски Устав – ЛИНК:
Член 6 (2): „Сите граѓани* се еднакви пред законот. Нема да има привилегии или ограничување на правата врз основа на раса, национално или социјално потекло, етнички самоидентитет, пол, религија, образование, мислење, политичка припадност итн…“
Член 29: „(1) Никој не смее да биде подложен на тортура или на сурово, нечовечко или понижувачко постапување или на насилна асимилација.
Член 36: „(2) Граѓаните чиј мајчин јазик не е бугарскиот имаат право да учат и да го користат својот јазик заедно со задолжителното изучување на бугарскиот јазик.
Член 40: „(1) Печатот и другите средства за масовно информирање се слободни и нема да бидат подложени на цензура.
Член 43: „(1) Сите граѓани имаат право на мирно и невооружено собирање на состаноци и демонстрации.
Член 54: „Секој има право да ги користи националните и универзалните човекови културни вредности и да ја развива сопствената култура во согласност со неговата етничка самоидентификација, која ќе биде признаена и гарантирана со закон“.
Член 57: „(1) Основните граѓански права се неотповикливи.
Понатаму во анализата, Коловски објаснува дека  во европските метрополи, вклучувајќи ги Берлин, Брисел, Лондон и Париз, и преку езерцето во мојот Вашингтон, како што напишал, се зголемува нетрпеливоста со бугарското негирање на постоењето на македонското малцинство.

Тој упатува на Конгресменката Клаудија Тени која неодамна го покренала прашањето за македонското малцинство во Бугарија за време на сослушувањето на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом во октомври 2021 година за Балканот. Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар јасно и одговорил на конгресменката, пренесува Колоски, за што има и видео запис: „Нашиот амбасадор во Софија многу тесно соработува со нејзините европски партнери на теренот за да се погрижи овие прашања да се решат“, изјавува Ескобар изразувајќи  голема загриженост за се што ги нарушува заедничките американски и бугарски вредности, како што вели.

Колоски пишува “Ние, Македонците, мора да и помогнеме на Бугарија, нејзините лидери и општеството да се помират со своето минато и конечно да го признаат македонското малцинство во нејзините граници без дискриминација и асимилација, пишува во анализата Мето Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон.
(М.Т.)
бара БУГАРИЈА ДА ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ОМД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.